Направи сам:

Направете сами новогодишни декорации

Трошниот мебел во тренд

Направи сам: фарба за табла на ѕид

Направи сам: плетена лежалка

Подлошки од камчиња

Велигденско јајце од коноп

Топка со снегулки

Столици од палети

Вратете го сјајот на комодата

Полици за пешкири

Вазна со канап

Ѕиден часовник од дрво

Постолје за цвеќе

Висечки полици

Kутија од магазини

Цветен лустер

Аголна масичка

Ѕиден часовник

Декорирање на саксии

Клупа

Масичка од трупец

Сопствен дизајн на ламба

Излог

Свеќници

Искористете ги старите лончињa

Eзерце во дворот

Полица со рамка

Собна фонтана

Цветна кулиса за тераса

Black&White преобразба

Абажур од коноп

Соба во соба

Аквариум

Сталажа за музички систем

Полица за компакт дискови



Направи сам: соба во соба


Кога во станот нема просторија која може да ја претворите во детска соба, сепак може да се најде решение: Пробајте во дневната соба да омеѓите простор за игра и учење. Оваква соба-во-соба може да испланирате доколку во своите размислувања ја вклучите и третата димензија. Таа може да изгледа како поголемо парче мебел во вашата дневна соба. Во сите планирања на просторот, креветот е најголем проблем. Тој зафаќа околу два квадратни метри од подот и му е потребен најмалку еден квадратен метар простор за приоѓање. Но ако ја подигнете подлогата на висина 60 см над подот, лесно ќе сместите неколку функционални целини на иста површина.

Во просторот под подлогата е сместен кревет на извлекување. На издигнатата површина ќе има доволно место за ормар, маса, полици и стол, како и површина за игра. Заради сигурност, над предниот раб на подлогата направете челична ограда која истовремено ја означува границата на детското царство. Челичниот профил е избран поради едноставна изработка, цврстината, малиот пресек и доброто прицврстувње. За изработка е избрана плава иверка и иверка со дезен на бука.


(сл.1) Големите плочи иверка треба да бидат исечени во помали парчиња кои одговараат на конструкцијата на скицата. Така потоа ќе може да ги исечете според димензиите на поединечните елементи.

(сл.2) Најчист рез ви овозможува порталната пила со предрезач, па при купувањето на иверката може да нарачате и кроење и машинско порабување – што дополнително се наплатува. Во домашната работилница потребна ви е кружна пила за да ги исечете потребните елементи.

(сл.3) Изборот на бои и разни рабни ленти ви овозможува разновидно комбинирање. Исечениот раб на иверката фино избрусете го и отстранете ја прашината. Потоа на неа ставете ја рабната лента и постапно притиснeте ја со пегла загреана до 150°C. Правете го тоа полека и изедначено, за да растопеното лепило би се залепило за подлогата.

(сл.4) Лентата е поширока од иверката, па вишокот од обете страни одстранете го со остар нож. Острицата мрдајте ја накосо и надоле, континуирано, така да исеченото парче обликува непрекината спирала. На крај ивиците избрусете ги со надолжни потези со помош на брусна хартија.


(сл.5) Скроените делови споете ги шрафови и дрвени чепови. На местата каде споевите не се гледаат, се завртуваат шрафови 4x45мм, додека плочите на видливите места ги составуваме со дрвени чепови со пречник 8 мм, налепени во претходно издупчените дупки.

(сл.6) На задната страна на ормарот со клинчиња е прилепен лесонитот за лицето во иверицата.

(сл.7) Целото постолие е направено на подконструкција од правоаголен челичен профил со пресек 40x20 мм што му дава поголема стабилност и цврстина, за да подлогата може да се оптовари со останатите парчиња мебел. Тоа е и најпрактично решение за мостот над креветот кој се извлекува.

(сл.8) Оградата од правоаголни челични профили која е прицврстена преку плочите на иверката, директно на челичната подконструкција, со шрафови 2x120 мм. Челикот е одмастен и премачкан со сива основна боја , а потоа обоен со лак со зрнца што е пријатен на допир и овозможува да не се валка лесно.


(сл.9) Основната рамка на креветот ја сочинува челичен профил 40x20 мм, со што е заобиколен проблемот на избор на аголни окови. На неа од надвор се прицврстени ламелирани букови плочи (со дебелина 28 мм) со шрафови 4x35мм, зашрафени одвнатре низ дупките издупчени во челичниот профил.

(сл.10) Подлогата на креветот е изработена од иверка со дебелина од 19 мм во која со крунска пила се издупчени дупки со пречник 55мм, во правец кој е над челичната рамка поставена на тркалца. Предните тркалца на креветот се подвижни, додека задните не ја менуваат својата положба.

(сл.11) Вратата од плава иверка е обрабена со лента со дезен на бука. И рачките на сите врати и на фиоките се од буково дрво. Во склад со боите на вашата соба, може да изберете и други решенија во поглед на боите.

(сл.12) Фиоките имаат метални бочни страни со водилки со должина од 55мм – што е сосема доволно за ормарчињата под работните плочи. Заднатите страни и дното на фиоките се направени од иста иверка како и ормарчето, а споени се со шрафови 3x17мм.


(сл.13) Готовите бочници на фиоките многу ја олеснуваат изработката, но основната скица во тој случај треба однaпред да биде прилагодена на типските елементи. Предната страна на фиоката се прицврстува со шрафови кои овозможуваат фино подесување во однос на останатите фиоки.

(сл.14) Kомбинацијата на готови и прикроени елементи овозможува брза и прецизна изработка на повеќе фиоки кои со помош на шрафови за миг се прицрвстуваат на плавите предни страни кои се порабени со лента во дезен на буква.

(сл.15) Успехот во многу зависи и од доброто планирање и мерење, па положбата на водилките треба два пати да се провери. Без либела и метален аголник течко ќе ги одмерите вистинските растојанија и точки на прицврстување.

(сл.16) На вратата од ормарот треба пред вградувањето да се прицврстат окови за спојување. Прво со сврдел треба да се издупчат дупки длабоки 12мм со пречник 30 мм во кои ќе влезат спојниците.


(сл.17) Оддалеченоста на дупките од работ на крилото еднаква е за сите спојни окови и тука треба најмогу да се внимава. При изработка на дупките најсигурно е да се примени дупчалка за стакло и водилка со точно определено растојание.

(сл.18) Спојниците се прицврстуваат на крилото со помош на шрафови 3x17. Тие не смеат да бидат подолги бидејќи дебелината на иверката е 19 см. Проверете дали надолжната оска на спојниците е нормална на работ на вратата.

(сл.19) Крилото се изработува заедно со спојниците. Притоа ви треба помошник кој крилото ќе го држи во точна положба. Мали грешки во положба на спојницата и крилото ќе ги отстраниме со фино подесување на двата чрафа на самата спојницата.

(сл.20) Работната површина е изработена од ламелирана буковина со дебелина 28мм што и дава крутост и цврстина. На правоаголниот спој на двете плочи на масата плочите се пресечени под агол од 45 степени.


(сл.21) Овие коси прерези се составуваат со жлеб и перо. Најпрво на двете страни од спојот со длабочина од 15мм се зарежуваат жлебови со ширина од 4мм. За овој зафат најдобро е да се примени стабилна кружна пила или рачна електрична глодалка.

(сл.22) Во жлебовите нанесете лепило, а потоа споете ги плочите со втиснување на перото од шперплочата со дебелина од 4мм. Ширината на ова перо мора да биде помала од длабочината на жлебот (на пр. 28мм). Припазете да не ги оштетите рабовите.

(сл.23) За постигнување на сигурен и траен спој подгответе долги стеги кои ќе овозможат уредно налегнување на косите прерези. Двете плочи треба да се постават на рамна подлога, а истиснатото лепило треба веднаш да се исчисти.

(сл.24) Кога лепилото во спојот ќе се исуши, спојот и останатите површини треба фино да се пребрусат, а после нанесувањето на основната боја и да се прелакираат со два-три слоја боја на безбоен лак.


(сл.25) На челичната ограда се наслонува еден крај на работната плоча, па мерките треба да се усогласат. Плочите се прицврстуваат низ дупките со пречник 5 мм издупчени во правоаголни челични профили.

(сл.26) Украсните летви кои го прикриваат работ на плочата на подлогата и видливата челична потконструкција наједоставно е да ги залепите со силиконско лепило. Обојте ги и излакирајте ги исто како и работната плоча на столот.